СПОРТ Фудбал

Историскиот меч Македонија – Косово ќе се игра без публика

Владата на РСМ донесе конечна одлука бараж-натпреварот од полуфиналниот плеј-оф во Лигата на нациите меѓу Македонија и Косово на 26. март на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје да се игра без присуство на публика. Ова е дефинитивна одлука која Фудбалската федерација на Македонија се очекува само да ја прифати и да ја информира УЕФА.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека Владата на РСМ донела одлука за забрана за одржување на натпревари со присуство на публика во наредните 30 дена од денеска, што значи до 10. април. Токму тука влегува и натпреварот Македонија – Косово кој ќе мора да се игра без публика.

Од ФФМ претходно соопштија, со оглед на фактот дека билетите за натпреварот се веќе распродадени, дека парите на сите кои купиле билети ќе им бидат вратени.

Поврзани вести

Сетиен по ремито против Атлетико: Губењето поени ги намали нашите шанси за титулата

Марадона: Враќање на теренот? Како средба со девојка

Влатко Зорба

Реал и Баерн ја „притиснале“ УЕФА за да го казни Сити

Антиќ за одлуката да не се доигра сезоната: МЗТ Скопје почнаа војна, а не дојдоа ни на разговор

Второто место никогаш нема да биде доволно за Ферари, вели Биното

Влатко Зорба

Јунајтед донесе поранешен напаѓач на Ватфорд

Никола Поповски