СПОРТ Фудбал

Јовиќ ќе игра во италијанското првенство?

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе мора привремено да го напушти Реал Мадрид.

Тренерот Зинедин Зидан му рекол на Јовиќ дека клубот во кој ќе има минути е најдобар за него, што нема да биде случај и во Реал оваа сезона.

Ова го покажа натпреварот против Сосиедад во ремито без голови, во кое Јовиќ остана на клупата.

Италијанскиот Калчомеркато пишува дека Рома е можна дестинација за Јовиќ. Римјаните останаа без Един Џеко, кој оди во Јувентус и се очекува да биде заменет со Аркадиј Милик од Наполи.

Сепак, доколку не го завршат тој трансфер од 25 милиони евра, „Џалоросите“ ќе се свртат кон поранешниот фудбалер на Црвена звезда.

Јовиќ досега неколкупати бил во контакт со италијански клубови како Милан, Интер и Наполи, но и со враќање во Германија.

Поврзани вести

Нејмар: Односот со навивачите на ПСЖ се движи во позитивен правец

Никола Поповски

Пандемијата со коронавирус: Англиски тим претрпува финансиски загуби 9 милиони фунти неделно

Астон Мартин од следната година во Формула 1

Stefanija Kuzmanovska

Кер: Се чини дека сезоната е завршена за „воините“

Официјално: Вилијан премина од Челси во Арсенал

Влатко Зорба

Халанд во живо на телевизија: Сра*е е што Баерн е шампион

Влатко Зорба