СПОРТ Фудбал

Капитенот на Бреша тврди: Целиот тим е против продолжување на натпреварот

Капитенот на фудбалскиот клуб Бреша, Даниел Гасталдело изјави дека неговиот тим е против продолжување на натпреварувањето во Серија „А“, како резултат на пандемијата од коронавирусот.

„Не се чувствуваме безбедно. Тие бараат од нас да продолжиме со тренинзите и веднаш да излеземе и да играме … Тие го ризикуваат здравјето на сите играчи. Јас зборувам во мое име и во име на соиграчите“, рече Гасталдело за Република.

Тој изјави дека не вреди да се продолжи натпреварувањето ако цената на тоа ќе биде сериозна повреда на играчот.

Фудбалерите на повеќето италијански клубови тренираат индивидуално оваа недела, но последнопласираната Бреша сè уште не го сторила тоа.

Бреша е една од најпогодените области во Италија, но Гасталдело рече дека тој никогаш не бил тестиран за коронавирусот.

„Ќе знаеме дали имаме вирус само кога сме тестирани пред почетокот на тренинзите“, додаде тој.

Планирано е тимскиот тренинг да започне на 18 мај. Италијанската влада сè уште не дозволи да продолжи фудбалскиот шампионат.

Поврзани вести

Кокшаров: Самсоненко одлучува дали ќе бидам привремено решение

Влатко Зорба

Денвер изненаден од Голден Стејт, лесни победи за Лејкерси и Клиперси

Мејведер сака 600 милиони долари за борба против Хабиб

Моника Селеш проговори за нарушеното здравје

Барселона се заинтересира за Луис Фелипе од Лацио

Официјално: Одложена трката за големата награда на Кина

Никола Поповски