СПОРТ Фудбал

Кин и Карагер ги одбраа најдобрите 11 од сегашниот тим на Ливерпил и генерацијата на Јунајтед од 1999 година

Познатиот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин смета дека сегашниот тим на Ливерпул не може да се спoреди со составот на „црвените ѓаволи“ од 1999 година.

Кин и поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер, имаа жешка дебата на Скај Спортс по натпреварот Челси и Јунајтед (0-2).

Презентерот ги замоли да создадат идеална прва постава од денешните играчи на Ливерпул и од легендарниот Јунајтед од 1999 година.

За неверување на Карагер, Кин го вклучи само Вирџил ван Дајк во неговиот Јунајтед, кој ја освои тројната круна таа сезона.

Тврдоглавиот Ирец смета дека ниту Михамед Салах, Садио Мане ниту Трент Александар-Арнолд не би можеле да бидат во почетниот состав на неговиот Јунајтед, но само го додаде Ван Дајк со сонародникот Стам во стоперскиот тандем.

„Јас сум голем обожавател на Ван Дијк. Човекот е машина. Исто како и Стам, тој беше фантастичен играч. Не знам кој тим би постигнал многу голови покрај нив двајца“, рече Кин.

Карагер, од друга страна, го заборави Рајан Гигс во својот состав, што го шокираше Кин.

“Нема простор за Гигс во мојот тим. Знаете колку голови постигна во 1999 година? Не многу. Садио Мане е најдобриот лево- крилен напаѓач на светот. Гигс е еден од најдобрите, но не мислам дека тој беше најдобриот на светот во кој било момент од неговата кариера таа позиција “, рече Карагер.

Кин веднаш му одговори со силни аргументи.

„Запомнете што му направи на Арсенал во ФА Купот? Кажи ми еден играч кој би можел да игра на тој начин. Клучот е во константноста, а Гигс секогаш беше постојан. Јас сум лојален на него и не го познавам Мане“.

Двајцата се согласија за Питер Шмајхел пред голот, Стам и Ван Дијк на одбрана, а двајцата го вметнаа Кин во составот.

„Јас бев просечен играч кој бев доволно среќен што секогаш бев во тимот со генијалци“, заклучи Ирецот.

Кин: Шмајхел – Невил, Ван Дајк, Стам, Ирвин – Бекам, Сколс, Кин, Гигс – Јорк, Кол

Карагер: Шмајхел – Арнолд,Ван Дајк, Стам, Ирвин – Бекам, Сколс, Кин, Мане – Салах, Јорк

Поврзани вести

Ново шоу на Ѓоковиќ и италијанскиот новинар на прес-конференцијата по освојувањето на Австралија опен (видео)

Никола Поповски

Мурињо го коментираше отсуството на Ндомбеле од вчерашниот натпревар со Брајтон

Maja_Serafimova

Мурињо: Ла Лига е многу поинтересна од порано

Влатко Зорба

Кога ќе збесне Вујовиќ (ВИДЕО)

Пандев се пофали со специјален подарок од Интер (ФОТО)

Се враќа Лигата на шампионите: Вечерва не очекуваат два спектакли во Мадрид и Дортмунд

Никола Поповски