Кошарка СПОРТ

Клеј Томпсон се врати на тренинзите (ВИДЕО)

Sвездата на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон го направи својот прв целосен тренинг во последните 470 дена. 30-годишниот стрелец се приклучи на „воините“ за летните активности со полна брзина за прв пат откако ги скина лигаментите за време на финалето на НБА минатата сезона.

– Долго го чекавме овој момент. Одлично е што тој е повторно е со нас и на паркетот и во соблекувалната. Само неговото присуство ни дава наплив на енергија и возбуда. Ова беше негов прв тренинг по повредата на коленото. Секако, не очекував дека ќе биде во топ форма и се покажа така. Но, Клеј се движеше добро на паркетот, па тоа е добар прв чекор. Тој успеа многу да сработи за време на тренингот и сега ќе може да разбере во каква состојба е, додаде тој.

Томпсон, кој е петкратен учесник на Ол-стар натпреварот, имаше просек од 21,5 поени и 3,8 скока со 46 отсто шут од поле и 40 отсто од тројка во сезоната 2018/19.

Поврзани вести

Познатото списание објави список на 100-те најдобри тренери на сите времиња

Stefanija Kuzmanovska

10.000 евра донација од ФК „Шкупи“ за семејства во Драч

Влатко Зорба

Гвардиола не се враќа во Баерн

Агентот на Анчелоти пристигна во Лондон на разговори, но не и со Арсенал

Наполи нема да ја намалува цената на Кулибали

Ѓоковиќ го доби дуелот на великаните и се пласираше во финалето на АО

Никола Поповски