СПОРТ

Клиперс го соладаа Лејкерс во градското дерби на Лос Анџелес

– Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс го совладаа градскиот ривал Лос Анџелес лејкерс со 111:106 во натпреварот одигран ноќеска. До триумфот Клиперс дојдоа по резултатски пресврт во второто полувреме, откако првото Лејкерс го доби со 12 поени разлика (63:51).

Најдобар играч во победничката екипа беше Кавај Ленард со 35 поени, 12 скока и пет асистенции.

Во поразениот тим се истакнаа Кајл Кузма со 25 и Ентони Дејвис со 24 поени.

На другиот натпревар одигран ноќта меѓу среда и четврток, Њу Орлеанс го совлада Денвер со 112:100.

И покрај поразот Лејкерс се први во поредокот на Западната конференција со 24-7 (победи-порази), додека на Исток лидер е Милвоки со биланс 27-5.

Поврзани вести

Ливерпул ќе го купи Мбапе доколку го загуби Мане

Поранешниот кошаркар Никола Пековиќ ја купил вилата на Тито на Златибор

Финалето Ѓоковиќ и Федерер од 2019 година, најдобро во историјата

Stefanija Kuzmanovska

Хаверц бара дозвола од Баер да си замине

Јувентус на Сари е подобар од оној на Алегри

Меси до Кристијано: Опорави се што е можно побрзо

Stefanija Kuzmanovska