Кошарка СПОРТ

Клиперси го преслушаа Денвер во дербито на Западот

Кошаркарскиот тим на Лос Анџелес Клиперс славеше над Денвер Нагетс со 132: 103 во меч од регуларната сезона на НБА.

Нагетси беа преслушани од домашниот тим и добро ќе ја запомнат оваа лекција.

Од стартот на натпреварот, Пол Џорџ и Каваи Ленард јасно ставија до знаење дека на Денвер нема да му биде лесно, а во продолжението на мечот Клиперси продолжија со доминацијата, кои во второт дел го удвоија водството за конечен и убедлив триумф на нивен терен.

Тие рутински го обработија остатокот од мечот и славеа во дербито на Западната конференција.

Клиперси славеа со помош на 24 поени од Пол Џорџ и 19 поени на Каваи Ленард, Ивица Зубац постигна десет.

За поразениот тим, Никола Јокиќ имаше 21 поен, со девет скока и две асистенции.

Резултати во НБА:

Орландо – Минесота 136: 125
Атланта – Бруклин 141: 118
Торонто – Шарлот 96:99
Мајами – Далас 126: 118
Мемфис – Сакраменто 101: 104
Милвоки – Оклахома Сити 133: 86
Њу Орлеанс – Кливленд 116: 104
Феникс – Детроит 111: 113
Јута – Вашингтон 129: 119
Лос Анџелес Клиперс – Денвер 132: 103

Лидери во одделни дивизии

Источна конференција
Атлантска Дивизија: Торонто – 42 победи, 17 порази
Централна дивизија: Милвоки – 51/8
Југоисточна дивизија: Мајами- 37/22

Западна конференција
Северозападна дивизија: Денвер – 40/19
Југозападна дивизија: Хјустон – 38/20
Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс – 45/12

Поврзани вести

Официјално: Баерн објави трансфер на играч од ПСЖ

Лејкерс без Леброн загубија дома од Денвер (ВИДЕО)

Фетел може да ја продолжи кариерата во Мекларен

Мурињо „пазареше“ во Холандија: Ѕвездата на ПСВ се сели во Тотенхем

Никола Поповски

Верстапен не е пожелен во Ферари

Клоп откри зошто го мрази стадионот на Севиља