СПОРТ Фудбал

Клоп ќе пазари од Норвич?

Изгледа дека Ливерпул е близу до завршување на првиот трансфер сезонава.

Поточно, англиските медиуми тврдат дека „црвените“ е се поблиску до договор со Норвич и дека левиот бек на „Канаринците“, Тод Кантвел, треба да заврши на „Енфилд“.

Младиот англиски репрезентативец одигра одлично на некои натпревари оваа сезона, но тимот е блиску до испаѓање со оглед на својата позиција во Премиер-лигата, па неговата евентуална продажба ќе покрие дел од трошоците за испаѓањето.

Покрај тоа, сигурно е дека Клоп ќе сака да го засили нападот, и иако од Ред Бул Лајпциг демантираа, Тимо Вернер е близу да замине за Англија. Баерн исто така го сака во своите редови, но Германецот преферира да работи со Клоп, па доколку европскиот шампион и екипата пред титулата во Англија ја плати клаузулата, се чини дека веќе нема да има пречки.

Според медиумите, Клоп не размислува за Санчо, смета дека е прескап, не сака да плати 120 милиони и планира да им даде шанса на младите од академијата.

Црвените вечерва ја започнуваат својата европска кампања за одбрана на титулата. Ќе играат на „Ванда Метрополитано“ во првиот натпревар од осмина-финалето, против Атлетико Мадрид.

Поврзани вести

Олимпијакос го елиминираше Арсенал од Лигата на Европа

Влатко Зорба

Фудбалер на Јувентус дијагностициран со коронавирус

Влатко Зорба

ФФМ со премија за победата над Словенија: 100.000 евра за фудбалерите

user5

Официјално: Фудбалер на Хановер позитивен на тестот за коронавирус

Франција и Германија со нова идеја: До 1.000 луѓе на стадион

Белгија, Италија, Русија и Полска обезбедија учество на ЕП 2020

Влатко Зорба