Кошарка СПОРТ

Клупски рекорд на Торонто, ја совладаа Индијана со 46 поени разлика (ВИДЕО)

Торонто репторс поставија нов клупски рекорд совладувајќи ја Индијана со разлика од 46 поени (127:81). Ова е најголемата победа во клупската историја на актуелниот НБА шампион.

Претходниот рекорд изнесуваше 44 поени и беше поставен на натпреварот против Атланта на 3 декември 2016 година.

Ова е четврти натпревар во историјата на Торонто на кој канадскиот тим го совлада противникот со разлика од 40 или повеќе поени.

Резултати на натпреварите во НБА лигата играни ноќта недела кон понеделник:
Денвер – Минесота 128:116
Торонто – Индијана 127:81
Чикаго – Вашингтон 126:117
Оклахома – Сан Антонио 131:103
Голден Стејт – Њу Орлеанс 101:115
Портланд – Детроит 107:104.

 

Поврзани вести

УЕФА не толерира мешање на политиката во спортот, се закани на Косово

Maja_Serafimova

Меси урива рекорди во ЛШ

СП во атлетика 2021 ќе биде одложено во случај Олимпијадата 2020 да се одложи за една година

Претресен домот на шпанската легенда Касиљас во акција за даночни затајувања

Stefanija Kuzmanovska

Надал: Овој трофеј во моите раце е големо лично задоволство

Федерер ја извојува првата победа во вториот настап на завршниот Мастерс

Влатко Зорба