СПОРТ Фудбал

Конечно на „Олд Трафорд“: Фернандеш во Манчестер Јунајтед за 65 милиони евра

Довчерашниот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш и дефинитивно е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Сега и официјално, откако двата клуба ги надминаа несогласувањата околу трансферот.

Агентот на фудбалерот, Мигел Рубен Пињо ја потврди преселбата на неговиот клиент на Островот со објава на Инстаграм каде постави фотографија на Фернандеш во тренерка на „црвените ѓаволи“.

Португалецот би можел да дебитира за Манчестер Јунајтед веќе во сабота во натпреварот против Вулверхемптон.

Поврзани вести

Јунајтед му ја удвојува платата на Мектомини

Влатко Зорба

Одложен натпреварот ПИК Сегед – Вардар 1961 во ЛШ

Александар Петровски

Нови случаи на коронавирус во италијанската Серија А

Стерлинг: Сочувствувам со Бугарија што беше претставувана од вакви идиоти на стадионот

Влатко Зорба

Ракитиќ: Барселона треба да биде шампион доколку Ла Лига не продолжи

Спалети кандидат за клупата на Њукасл

Влатко Зорба