СПОРТ

Конте: Имаме седум натпревари за 20 дена, ова не е нормално.

Тренерот на Интер, Антонио Конте, по победата над Бреша (2:1) во мечот од 10. коло на италијанскиот шампионат, побара да биде засилен офанзивниот ред.

– Интер треба да се обиде да го подобри составот на зимскиот трансфер прозорец за да имам повеќе избор. Ако сакаме да направи нешто навистина големо, тогаш не треба да бидеме „задоени“ со победите и да мислиме дека сè е лесно за тимот. Ромелу и Лаутаро играат скоро на секој натпревар. Да, тие се добри, но постои опасност некој да се повреди со таков распоред. Овие мисли ме прогонуваат, изјави Конте.

Интер е на врвот на табелата во Серија А, но моторот е веќе на граница, не може да работи толку долго. Овој натпревар беше четврти во последните девет дена. Истите играчи влегуваат на теренот. Претстои натпреварот на Интер со Болоња, а потоа и со Борусија. Имаме седум натпревари за 20 дена. Ова не е нормално. Секако, би сакал да имам повеќе време да се подготвам за натпреварите, додаде Конте.

Интер со 25 бода го зазема првото место во италијанскиот шампионат по 10 одиграни натпревари. Јувентус е втор со два бода заостанување, но и натпревар помалку.

Поврзани вести

Ливерпул изненади многумина со одлуката да одбие сместување во хотелот во Доха

Влатко Зорба

Горан Пандев суспендиран за два натпревари

Maja_Serafimova

Ѓоковиќ го поддржува Иванишевиќ за селектор на Хрватска

ПСЖ му нуди петгодишен договор на Мбапе со годишна плата од 30 милиони евра

Флорентино Перез: Го заслуживме Супер Купот, Куртоа е најдобар светски голман

Никола Поповски

Јокиќ за првпат зборуваше за коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska