СПОРТ Фудбал

Коронавирусот го запре фудбалот и во Англија

Водечките фактори во англискиот фудбал решија да ги прекинат натпреварите на сите нивоа во земјата, барем до 3 април.

Натпреварите во Премиер лигата, како и во Чемпионшип и долните две дивизии, нема да се играат во овој период. Запрени се и сите дуели на јуниорски нивоа.

– Одлуката е донесена заради зголемениот број на клубови кои преземаат чекори да ги изолираат своите играчи и штабови заради вирусот КОВИД-19. Покрај тоа, на клубовите им беше советувано да ги прекинат сите активности кои не се од витално значење за неодредено време. Оваа одлука не беше донесена лесно, но здравјето и состојбата на фудбалерите, тренерите и навивачите треба да бидат приоритет за нас, се вели во соопштението

Поврзани вести

Лев: Одложувањето на ЕП 2020 е оправдано решение

Влатко Зорба

Маркизио по завршувањето на фудбалската кариера стана новинар

Примен само еден гол во месец дена: Куртоа прогласен за најдобар играч за месец Јануари во Ла Лига

Никола Поповски

Почетино по победата над Црвена звезда: Продолжуваме да ги решаваме нашите проблеми

Влатко Зорба

Големата награда на Австралија во Формула 1 откажана поради епидемијата на коронавирус

Изолација во бикини: Вандерфорд тренира, Пејџ му помага (ВИДЕО)