Кошарка

Баркли: НБА нема да продолжи

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Чарлс Баркли, смета дека сезоната во НБА лигата нема да заврши.

Чарлс Баркли е еден од најдобрите крилни центри, но и играчи на сите времиња, а едно време тој предизвика промена на правилата во НБА-лигата со цел да ја запре својата доминација.

Се работи за правилото на играчот да му биде забрането да го сврти грбот кон кошот 5 секунди.

Баркли сега беше гостин на подкастот на Ерни Џонсон и зборуваше за продолжување на сезоната во НБА лигата во Орландо.

„НБА лигата нема да продолжи, тоа е мое мислење. И, секако дека боли, затоа што знам дека многу луѓе ќе ги загубат своите работни места и проблемите се одвиваат еден по друг. Она што се случува во Флорида во моментов е едно од најлошите места во светот и таму имаме 22 НБА екипи. Едноставно не гледам како ќе се случи во наредните три месеци, тоа е невозможно“, рече Чарлс Баркли.

НБА лигата не се игра од 11 март, кога Руди Гобер, центарот на Јута Џез, се тестираше позитивен за коронавирус.

Поврзани вести

Новицки: Уживам да ја гледам играта на Дончиќ, се надевам дека ќе остане цел живот во Далас

Никола Поповски

Тодоров: Ни недостигаа три тројки за подобар резултат во Перм

Никола Поповски

Пешкирот со кој Коби Брајант одржа проштален говор продаден за 33.000 долари

Легендарниот Џери Слоун почина на 78-годишна возраст

Stefanija Kuzmanovska

Лејкерс: Ја споделуваме нашата тага со Ванеса, семејството Брајант, како и семејствата на другите патници

Никола Поповски

Винс Картер ја игра последната сезона во НБА лигата