Кошарка

Јокиќ се ожени – веселба на столица и пари за музика ФОТО

Никола Јокиќ, репрезентативецот на Србија и еден од најдобрите играчи во НБА лигата, се ожени со долгогодишната девојка.

Прославата во кругот на семејството и пријателите беше организирана во Сомбор, а новопечениот младоженец беше многу среќен.

Како што покажуваат фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, Јокиќ е качен на стол, а знаел и да „пушти некој динар“ на музиката.

Јокиќ се ожени со својата долгогодишна партнерка Наталија Мачешиќ.

Двајцата беа заедно цели седум години и требаше да се очекува дека порано или подоцна ќе ја официјализираат успешната врска пред матичар.

Јокиќ со години игра одлично во дресот на тимот од Колорадо, тој е еден од најдобрите центри во НБА, а во последните две сезони со Нагетс стигна до полуфиналето и финалето на Западот.

Тој е еден од најплатените играчи во последните неколку години, заработи околу 148 милиони долари за пет години и се здоби со огромна популарност во светот на кошарката.

Поврзани вести

Ентони Дејвис одби 146 милиони долари за продолжување на договорот со „езерџиите“

Панатинаикос го обвини градскиот ривал Олимпијакос за „тероризам“

Одложено калифорниското дерби меѓу Лејкерс и Клиперс (фото)

Никола Поповски

Гасол пред враќање во Барселона

Влатко Зорба

Мицов не се плаши од коронавирусот: Што се сме прележале во Србија, ова е смешно

Тодоров го скрати списокот за дуелите со Естонија и Русија

Никола Поповски