Кошарка

МЗТ Скопје утре почнува нова сезона во АБА 2 лигата: Целта е пласман во топ 4

Кошаркарите на МЗТ Скопје утревечер (19 ч.) ќе бидат домаќини на Слобода Тузла на отворање на новото издание на АБА 2 лигата. Ланската сезона „металците“ ја завршија зад Приморска и сараевски Спарс, но не успеаја низ плејофот да се вратат во јадранската елита (најпрво ја загубија серијата со Приморска, а потоа и со Задар). Целта, сепак, останува иста и за претстојното регионално првенство – позиционирање меѓу најдобрите четири на табелата и повторен обид за пробив меѓу најдобрите клубови во регионот.

„Ако се гледа македонското првенство, може слободно да кажам дека имаме најсилен тим и ќе атакуваме на двојна круна. За АБА 2 лигата ќе биде потешко. Има екипи во неа како Рогашка, Динамик, Слобода Тузла и Сплит кои сериозно се засилија. Но, ние нема да бидеме МЗТ ако не целиме на место во топ 4 и финале во плејофот. Имам тим што е спој на младост и искуство. Стојановски, Крстевски, Симоновски треба да имаат поддршка од помладите Николов, Маслинко и Магдевски и искрено верувам и посакувам дека ќе успееме до посакуваните резултати“, порача Тони Грнчаров, директор на МЗТ Скопје.

Во меѓусебно искажаниот респект на двата клуба, претставник на БИХ ја препушти улогата на македонскиот тим, но тренерот Ѓорѓи Кочов не смета така и нагласи дека пред играчите е тежок меч со клуб што, исто така, има амбиции за плејоф и пласман во АБА лигата.

„Млади и талентирани кошаркари има во составот на Слобода. Ќе биде тешко иако ќе играме на домашен терен и улогата на фаворити што нѝ е препуштена“, смета Кочов.

Втората регионална кошаркарска лига во новата сезона ќе брои 12 екипи, а покрај МЗТ Скопје и Слобода Тузла во неа ќе учествиваат и Широки Бријег, Сплит, Хелиос Домжале, Ловќен, Борац Чачак, Рогашка, Спарс Сараево, Сутјеска, Динамик од Белград и Нови Пазар.

Поврзани вести

Лејкерс триумфираа во Аризона

Голден Стејт го допре дното

Влатко Зорба

Во тек се плановите за продолжување на сезоната во НБА

Евролига се закани со суспензија за Грција

Никола Поповски

Тимот на Леброн поуспешен од екипата на Антетокунмпо

Никола Поповски

Ѓоковиќ: Коби е еден од моите ментори, тој и неговата ќерка засекогаш ќе останат во нашите срца

Никола Поповски