Кошарка

Официјално: Кокошков нов тренер на Фенербахче

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Игор Кокошков, е нов тренер на Фенербахче, соопшти денеска турскиот клуб. Како што се наведува на веб-страницата, Кокошков потпиша тригодишен договор.

Поранешниот асистент на Лук Волтон во Сакраменто Кингс, го замени српскиот тренер Жељко Обрадовиќ на клупата на Фенер.

Српскиот селектор истакна дека е многу среќен и возбуден што го презема турскиот тим.

„Јас сум многу возбуден од оваа можност. Јас сум свесен за историјата и традицијата на Фенербахче, знам колку фанови има. Може да се каже дека Фенербахче е еден од најголемите клубови во светот. Се чувствувам одговорен кон навивачите и луѓето што ме доведоа на оваа важна задача. Ќе се обидам да ги искористам своите вештини, знаење и искуство за да го постигнам успехот на кој се навикна овој тим. Знам дека навивачите на Фенербахче ја сакаат кошарката, па ќе се обидеме да сториме сè за да ги направиме среќни со освојување на трофеи, изјави Кокошков за веб-страницата на клубот по потпишувањето на договорот.

Поврзани вести

Коронавирус во НБА: Заразени играчи на Лејкерс, Селтикс и Нагетс

Барем до 1 јули: Богдановиќ останува во Сакраменто

Никола Поповски

Цибона отпушта работници, тренерот без плата

Влатко Зорба

Кузмиќ објасни зошто одбрал дрес со број 0: Почнувам нов живот, почнувам од нула

user5

Пронајден коронавирус кај кошаркар на Реал Мадрид, фудбалерите и кошаркарите во карантин

Извлечени се телата на сите жртви од хеликоптерската несреќа

Никола Поповски