Кошарка СПОРТ

Крис Бош разочаран од одлуката да не биде дел од Куќата на славните

Крис Бош, славиот американски кошаркар, изјави дека е разочаран што оваа година не е избран во Куќата на славните.

Кевин Гарнет, Тим Данкан и Коби Брајант (постхумно) ќе бидат тројцата играчи кои ќе влезат во Куќата на славните во 2020 година, при што како тренери ќе се приклучат Еди Сатон и Руди Томјановиќ.

Крис Бош беше разочаран што нема да биде дел од овој тим што влегува во Домот на славните, па затоа се обрати преку својот „Инстаграм“ профил.

“Јас нема да лажам и ќе ја кажам вистината. Разочаран сум, но морам да продолжам понатаму”, рече Бош на својот Инстаграм профил, алудирајќи на фактот дека тој нема да биде избран

За време на неговата кариера, тој важеше за одличен крилен центар, бранејќи ги боите на Торонто Репторс и Мајами Хит. Поради проблем со згрутчување на крвта пред извесно време, мораше пред време да ја заврши својата кариера.

Поврзани вести

Новак Ѓоковиќ одлучи да не се тестира за коронавирус

НБА вечер: Нов рекорд на Торонто, Милвоки знае да победува и без Јанис

Никола Поповски

Алушовски: Да продолжи победничката серија на Еурофарм Работник и против Татран

Maja_Serafimova

Симеоне го коментираше поразот од Барселона

Maja_Serafimova

Куче изведе „слободен удар“ на меч од втората турска лига (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Трет последователен пораз за Барса, ЦСКА Москва поуспешна од Кралскиот клуб

Никола Поповски