Кошарка СПОРТ

Крис Пол: Не зборувам со Харден

Плејмејкерот на Оклахома, Крис Пол, ги коментираше неговите односи со Џејмс Харден.

Двајцата беа соиграчи две сезони во тимот на Хјустон – во 17/18 и 18/19, но поради разликите во нивните стилови, што доведе до полемики, 35-годишниот ветеран беше испратен во Оклахома, а Расел Вестбрук дојде во спротивна насока.

– Јас не разговарам или комуницирам со него на кој било начин, но нашата врска е добра. Му посакувам се најдобро. Понекогаш вашите соиграчи се такви одреден временски период, тогаш си посакувате здравје и среќа и тргнувате по различни патеки. Тоа не значи дека треба да бидете непријатели, рече Пол пред натпреварот Тандер-Рокетс, кој заврши со победа од 108-123 за Харден и неговиот тим.

Поврзани вести

„Росонерите“ разочарани од Сусо го ставија на трансфер листа

Церемонијата за вклучување на Коби Брајант во „Куќата на славните“ може да се одложи

НБА кошаркарите од Австралија донираа 750 илјади долари за справување со пожарите во нивната татковина

ПМФЛ продолжува со плеј-оф и плеј-аут без испаѓање

Расел ќе паузира најмалку две недели заради повреда на палецот

Повредатата на Ибрахимовиќ не е многу сериозна