СПОРТ Фудбал

Кутињо ги одбил Интер и ПСЖ, мисли само за враќање во Англија

Плејмејкерот Филипе Кутињо се надева дека ќе се врати во англиската Премиер лига следната сезона, според Мундо Депортиво. 27-годишниот играч од средниот ред, кој е во сопственост на Барселона, но игра на позајмица во Баерн (Минхен), веќе одбил понуда да се врати во италијански Интер и да замине во францускиот шампион Пари Сен Жермен.

Кутињо играше во Англија помеѓу 2013 и 2017 година кога го носеше дресот на Ливерпул. Во почетокот на 2018 година, тој се пресели во Барселона за сума од 158 милиони евра.

Баерн, кој сега е дом на Бразилецот, има можност да го откупи за 120 милиони евра, но скоро е сигурно дека тоа нема да се случи.

Според „Мундо Депортиво“, Тотенхем е тимот што најмногу се интересира за услугите на Кутињо.

Поврзани вести

Роналдињо МВП на затворски турнир, за награда си доби свиња од 16 килограми

Клинсман го презема кормилото на Еквадор

Maja_Serafimova

Мурињо: Завршување на сезоната би било добро за сите нас

Влатко Зорба

Баерн во јануари го продава Боатенг

Јувентус го искушува Зидан со плата од 8 милиони евра

Влатко Зорба

Клоп: „Црвените“ не се поразени во Премиер лигата точно една година

Maja_Serafimova