СПОРТ Фудбал

Лампард: Ливерпул и Сити поставуваат нови стандарди во Англија

Ливерпул и Манчестер Сити поставуваат нови стандарди што другите тимови од Премиер лигата мора да ги следат, изјави менаџерот на „сините“, Френк Лампард по неговата победа од 2:1 над Пеп Гвардиола и Сити.

Токму тимот од Лондон ги направи „црвените“ од Мерсисајд шампиони во четвртокот вечер.

Лампард, кој освои три титули со Челси како фудбалер, му честиташе на Ливерпул за време на прес-конференцијата по натпреварот.

– Мислам дека во последните три сезони Ливерпул и Сити се натпреваруваа едни против други, далеку од сите други. Овие две екипи завршија многу работа за да го достигнат ова ниво. Разликата со другите е огромна, но мора да ја избришеме. Ние сакаме да се развиеме и да бидеме покрај двете најдобри екипи во светот. Повторно, му честитам на Ливерпул за она што го направи, рече Лампард.

Челси е на четвртото место на рангот и е со 32 бода зад Ливерпул.

Поврзани вести

Ливерпул изненади многумина со одлуката да одбие сместување во хотелот во Доха

Влатко Зорба

Надал закажа финален дуел со Ѓоковиќ и Србија

Никола Поповски

Во живо: Последно збогување со Коби и Џиџи! Ванеса во солзи зборуваше за загубата (видео)

Никола Поповски

Чеферин наскоро во посета на Грција за ситуацијата во грчкиот фудбал

Ибрахимовиќ би играл во Италија за еден милион евра месечно

Официјално: Големото дерби на Италија пред празни трибини

Влатко Зорба