СПОРТ Фудбал

Лампард: Во моментов, Менди е нашиот број еден

Тренерот на Челзи, Френк Лампард ги сумираше резултатите од натпреварот против Севиља во Лигата на шампионите (0:0).

– Задоволен сум од професионалниот аспект на играта на моите избраници. Разговарав со играчите за управувањето со играта, реакцијата беше навистина позитивна. Севиља е врвен клуб и ни требаше концентрација за да постигнеме резултат. Имавме многу добри моменти, и ова е она што треба да го развиеме. Ние сме на самиот почеток на сезоната и одиме чекор по чекор, истакна лампард.

Предводникот на „сините“ го пофали голманот Менди.

-Менди одигра многу добро на неговите три натпревари, добро се одрази. Ние ги знаеме неговите квалитети, и тој ги покажа денес. Во моментов, тој е нашиот број еден, потенцира Лампард.

Поврзани вести

Барзаљи го напушти Јувентус

Берлускони: Мојата Монца би го победила денешниот Милан со 3-0

Влатко Зорба

Кошта не мрда од Атлетико

Грузијците не можат да се помират: Против Македонија без еден од нивните најдобри фудбалери

Никола Поповски

Ван Дајк: Знаевме и пред натпреварот дека Салцбург е одличен тим

Влатко Зорба

Азар аут до крајот на сезоната?

Влатко Зорба