Кошарка СПОРТ

Леброн им одржа лекција на Далас, Клиперс со пресврт до победа против Голден Стејт

Леброн Џејмс забележа 35 поени, 16 скокови и 7 асистенции и го одведе Лос Анџелес Лејкерс до победа од 114: 129 над Далас. За „езерата“ тоа беше седми последователен успех. Кајл Кузма стартуваше на местото на Ентони Дејвис, кој лекува повреда, и забележа 26 поени за Лејкерси.

Sвездата на Далас, Лука Дончиќ, заврши со 25 поени, 10 скокови и 7 асистенции, а Тим Хардавеј Џуниор додаде 22 поени. Сет Кари од клупата постигна 16.

Крис Мидлтон запиша 27 поени и 11 скокови за да му помогне на Милвоки да победи против Сакраменто со 106:127. Бакс веќе имаат 34 победи и 6 порази од почетокот на сезоната, што е најдобро достигнување во клупската историја. Актуелниот тим има поголем успех и од славната формација од 1970-71 година, предводена од легендата Карим Абдул-Џабар.

Каваи Ленард постигна 21 од своите 36 поени во второто полувреме, водејќи го Лос Анџелес Клиперс до победа од 109: 100 над Голден Стејт. Клиперси го надминаа дефицитот од 10 поени во последната четвртина, иако поради повреда загубија еден од нивните лидери, Пол Џорџ.

Резултати од НБА:

Вашингтон – Атланта 111: 101
Њу јорк –  Њу Орлеанс 111: 123
Бруклин – Мајами 117: 113
Мемфис – Сан Антонио 134: 121
Чикаго – Индијана 105: 116
Феникс – Орландо 98:94
Јута – Шарлот 109: 92
Далас – ЛА Лејкерс 114: 129
Сакраменто – Милвоки 106: 127
ЛА Клиперс – Голден Стејт 109: 100

Пласман по дивизии:

Источна конференција:
Атлантик Дивизија: Бостон 25 победи / 11 порази, Торонто 25/13, Филаделфија 25/14
Централна дивизија: Милвоки 34/6, Индијана 24/15, Детроит 14/25
Југоисточна дивизија: Мајами 27/11, Орландо 18/21, Шарлот 15/26

Западна конференција:
Северозападна дивизија: Денвер 26/11, Јута 26/12, Оклахома Сити 22/16
Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс 31/7, Лос Анџелес Клиперс 27/12, Сакраменто 15/23
Југозападна дивизија: Хјустон 25/12, Далас 23/15, Мемфис 17/22

Поврзани вести

АТП официјално ги откажа сите турнири до крајот на април

Реал го напушта „Сантијаго Бернабеу“ и ќе игра на стадион за 6.000 гледачи

Stefanija Kuzmanovska

Клиперси го преслушаа Денвер во дербито на Западот

Леброн стапи во контакт со Обама во врска со бојкотот во плеј-офот во НБА

Stefanija Kuzmanovska

Црвена Ѕвезда се збогуваше од Лигата на шампионите

Никола Поповски

Нова жртва од коронавирус во светот на фудбалот