СПОРТ Фудбал

Легендарниот турски голман Рушту Речбер се наоѓа во критична состојба откако се заразил со коронавирус

Поранешниот голман на Барселона Рушту Речбер се наоѓа во критична состојба откако се заразил со коронавирус.

Минатата недела, тој бил итно примен во болница, но сега состојбата значително му се влошила, јавуваат турските медиуми.

„Мојот сопруг е примен во болница и потврден му е Ковид-19. Се беше нормално, а одеднаш се развија симптомите. Се уште сме во шок.“ – напиша неговата сопруга Исил на социјалните мрежи.

Турскиот весник „Милијет“ јавува дека турскиот голман заболел од коронавирус токму од сопругата која се вратила од патување во САД. Исил ги прекршила здравствените прописи и не била во двонеделен карантин, туку веднаш отишла во козметичкиот салон кој го поседува.

Речбер е рекордер по бројот на настапи за репрезентацијата на Турција со 124 натпревари. За време на својата кариера тој играше за Барселона, Фенербахче, Бешикташ и Анталија.

Поврзани вести

Ливерпул нема да биде избркан од „Карабао купот“

Влатко Зорба

Италијанската влада ќе ја откаже сезоната, ако не се постигне договор со фудбалската федерација

РБ Лајпциг го совлада Атлетико, ПСЖ пречка до финалето на Лигата на шампионите

Влатко Зорба

Јувентус на Сари е подобар од оној на Алегри

Барселона со пресврт го победи Леганес

Влатко Зорба

РФМ нема да ја користи финансиската поддршка од Владата за вработените