Кошарка СПОРТ

Лејкерси ја менуваат стратегијата поради Јокиќ

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Френк Вогел, е воодушевен од играта на центарот на Денвер, Никола Јокиќ. Експертот истакна дека „езерџиите“ ќе мора да ја сменат стратегијата од серијата со Хјустон и сега ќе ги користат своите високи играчи за да и се спротивстават на sвездата на Нагетс.

Центрите на тимот, Џавеил МекГи и Двајт Хауард, добија вкупно само 23 минути во четирите победи на Лејкерс над ниската петорка на „ракетите“ во полуфиналето на конференцијата.

– Јокиќ е еден од најуникатните играчи во светот. Може да ве победи на кој било начин. Тој има способност да шутира од тројка, да игра под кошот и во транзиција, а што да кажеме за неговите додавања… Неговото присуство ќе ја направи серијата малку поинаква, дури и доста поинаква. Ќе мора да ги користиме нашите центри, не сакам да навлегувам во детали, но ќе бидеме Л.А. Лејкерс, како што бевме цела сезона. Ние се прилагодивме на одбрана на тим со ниски пет, но сега очекувам да се вратиме во оптимална форма, рече Вогел.

Натпреварот бр.1 меѓу двата тима е во сабота наутро во 03:00 часот по македонско време.

Поврзани вести

Бакари Сања: Мислам дека Погба ќе се врати во Јувентус

Роналдињо уапсен во Парагвај

Stefanija Kuzmanovska

Oбјавен извештајот за несреќата на Сала: Пилотот не можел и не смеел да лета ноќе но му бил извршен притисок

Рондо го скрши палецот, оди на операција

Влатко Зорба

Фудбалер на Ваљадолид ја прекршил самоизолацијата, па нападнал полицајци

Клоп: Мора да ја играме нашата најдобра игра против Ман Сити

Влатко Зорба