Кошарка СПОРТ

Лилард ќе го пропушти престојниот Ол-стар викенд

Ѕвездата на Портланд Трејблејзерс, Демијан Лилард, поради повреда ќе го пропушти претстојниот Ол-стар викенд.

Лилард ги повреди препоните во поразот од Портланд од Мемфис, во натпревар во кој постигна 20 поени.

Така, тој ќе го пропушти натпреварувањето во шутирање тројки и „Ол-старот“ во Чикаго, каде требаше да се појави во тимот на Леброн Џејмс од клупата за резерви.

Во моментов нема информации за тоа кој ќе го замени Лилард на на натпреварот.

Лилард оваа сезона е со неверојатен просек од 29,7 поени со 7,9 асистенции и 4,3 скока по натпревар.

Тој шутира 46,2 проценти од игра, односно 39,5% за три поени и 88,8% од линијата за слободни фрлања.

Блејзерс се борат да влезат во плеј-офот, деветти се на Запад со скор од 25-30.

Поврзани вести

Абрамович им обезбеди бесплатен престој на лондонските лекари во хотелот на стадионот на Челзи

Платата на Балотели може да порасне четири пати, има два услова

Влатко Зорба

Меси: Бевме слаб тим кој лесно прима голови

Лига на шампиони: „Лилјаците“ гостуваат во Бергамо, Тотенхем домаќин на Лајпциг

Никола Поповски

Руни: Срамни се повиците на властите за намалување на платите на играчите

Нема бонуси за Реал ако ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите