СПОРТ Фудбал

Ливерпул преговара со Вернер за неговите лични услови

Трансферот на стрелецот на Р.Б. Лајпциг, Тимо Вернер во Ливерпул, се чини дека се приближува.

Англискиот клуб му понуди на 23-годишниот напаѓач договор од пет сезони и плата од 8 милиони евра годишно, плус соодветни бонуси, според италијанскиот новинар Николо Скира, кој рече дека преговорите се во тек.

Самиот Вернер не ја крие желбата да премине на „Енфилд“.

Вчера, „Спорт 1“ откри дека клаузулата за ослободување во договорот на германскиот репрезентативец со „биковите“ е половина пониска отколку што се сметаше порано. Според изворот, Вернер би можел да биде откупен за нешто помалку од 30 милиони евра плус евентуални идни бонуси, кои зависат од перформансите на напаѓачот.

Челси, Баерн Минхен и Реал Мадрид, исто така, ја следат ситуацијата околу Вернер, кој изгледа ќе го напушти Лајпциг по крајот на сезоната.

Поврзани вести

Зидан ќе биде новиот селектор на Франција?

Никола Поповски

Солскјер по победата над Челзи: Ова е вистинскиот Манчестер Јунајтед

Maja_Serafimova

Петти триумф во низа на МЗТ Скопје во Аеродром

Клоп ќе пазари од Норвич?

Никола Поповски

Верстапен не е пожелен во Ферари

Солскјаер пред мечот со Вулверхемптон: Потребна е позитивна реакција по поразот од Арсенал