СПОРТ Фудбал

Лопетеги го нарече срамно судењето на мечот со Реал Мадрид

Тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги, беше крајно незадоволен од судењето на натпреварот од 20. коло од шампионатот на Шпанија против Реал Мадрид.

Судијата го поништи голот на напаѓачот Лук де Јонг.

– Ова е срам, срамота! Секогаш иста работа, викаше Лопетеги во тунелот кон соблекувалните.

Во првото полувреме, главниот судија Хуан Мартинез Мунуера, по прегледувањето на снимката користејќи ВАР, го поништи голот на Де Јонг поради прекршок кој му претходеше на погодокот. Играчот од средниот ред на Севиља, Немања Гудел го блокираше играчот на Реал Мадрид Едер Милитао во срцето на шеснаесетникот на домаќините. Ова се случуваше во 30. минута од првото полувреме кое заврши 0:0.

Во второто полувреме Реал постигна два гола, а прим и еден и на крајот се радуваше на победата.

Поврзани вести

Повредениот Нејмар нема да игра за Бразил

Maja_Serafimova

Дали Коби Брајант не загинал по вина на пилотот на хеликоптерот?

Раjола сака од Милан нов договор за Бонавентура

Клоп: Момците играат во нивните дворови како да се деца на пет или шест години

Леброн ги предводеше Лејкерс до првата победа сезонава

Maja_Serafimova

Директорот на Вимблдон: Се надевам дека Федерер и Серена ќе играат во 2021 година