СПОРТ Фудбал

Макрон и францускиот министер за спорт ги убедуваат најдобрите 5 лиги да ја завршат сезоната пред предвиденото

Францускиот претседател Емануел Макрон сака европските првенства во фудбал да не продолжат по примерот на Франција, објави „Ле Паризиен“.

Макрон очекува дека заедничка одлука за ова прашање ќе дојде барем во останатите четири најдобри лиги: Англија, Шпанија, Италија и Германија.

Во таа насока, министерката за спорт на Франција, Роксана Марасињану иницираше билатерални преговори со колегите од другите европски земји. Таа веќе разговараше со министрите на Италија и Германија, а исто така мора да преговара и со шпанскиот министер.

Според некои извори, Макрон лично се обидел да ги убеди властите на другите држави за потребата за ран крај на сезоната, но овие информации беа негирани од придружба на претседателот.

Поврзани вести

Mamba out

Александар Петровски

Месина падна од столче на прес конференција (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

„Газета“: Пјаниќ рече „да“ на Барса!

Stefanija Kuzmanovska

Големата награда на Австралија во Формула 1 откажана поради епидемијата на коронавирус

Навреди за Михајловиќ: „Ти си српски националист“, „Го заслужуваш ракот“ (фото)

Никола Поповски

3 сценарија за крај на ЛШ, УЕФА мора да се определи за едно

Влатко Зорба