СПОРТ Фудбал

Манчестер Јунајтед ја намали цената на Пол Погба

Раководството на Манчестер Јунајтед ја намали цената на Пол Погба за 30 милиони фунти. Според „Сан“, минатото лето клубот од „Олд Трафорд“ барал 180 милиони фунти – сума што ги откажа Реал Мадрид и Јувентус, кои покажуваат најголем интерес за Французинот.

Цената сега е 150 милиони, а агентот на играчот Мино Рајола е информиран дека Погба е слободен да замине во текот на летото, доколку се најде клуб да ја плати бараната сума.

„Мирор“, во меѓувреме, известува дека менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер, му рекол на Погба дека не му треба за кампот во Марбела за време на зимската пауза. Французинот се уште се опоравува од операцијата на глуждот и, бидејќи не е подготвен за целосен тренинг, менаџерот одлучил дека нема смисла да патува со тимот.

Интересно, кога Солскјер извести дека Погба ќе биде подложен на операција, Норвежанецот увери дека играчот од средниот ред ќе се врати за три до четири недели. Поминаа шест недели од тогаш, и се чини дека уште еднаш оваа сезона враќањето на Французинот е одложено на неодредено време.

Погба има одиграно само осум натпревари за Јунајтед во текот на оваа кампања.

Поврзани вести

Олимписките игри во Токио би можеле да бидат одложени

Клинсман назначен за тренер на Херта

Надал ќе ја заврши сезоната на првото место на АТП листата

Пресврт во Франција: И Макрон сака фудбалот да се продолжи?

Stefanija Kuzmanovska

ЛШ: Лајпциг – Атлетико и Аталанта – ПСЖ во четвртфиналето

Влатко Зорба

Балотели се вмеша во нов скандал

Влатко Зорба