СПОРТ Фудбал

Манчини останува на клупата на Азурите до 2022 година

Италијанските медиуми пренесуваат дека Роберто Манчини ќе остане на клупата на фудбалската репрезентација до 2022 година.

Наводно, договорот потпишан минатата година автоматски е продолжен откако Азурите обезбедија место на ЕП 2020.

Иако Манчини имаше опција да го напушти тимот по квалификациите, не ја искористи излезната клаузула.

Тоа значи дека на клупата на репрезентацијата ќе остане барем до Светското првенство во Катар 2022 година.

Со победата над Грција од 2-0, италијанските фудбалери обезбедија пласман на ЕП 2020 три кола пред крајот на квалификациите. Манчини седна на селекторската фотелја на 15 мај минатата година.

Поврзани вести

Снајдер се враќа на терените

Тотенхем го менува Ериксен со халф на Барселона

Влатко Зорба

Сити – Арсенал и Јунајтед – Челси во полуфиналето на ФА Купот на Англија

Влатко Зорба

Нов голем фудбалски скандал ја тресе Белгија, вмешан и поранешен тренер на Црвена звезда

Кени Далглиш позитивен на Ковид-19

Абрамович тајно поседувал права на играчи од други клубови

Влатко Зорба