СПОРТ Фудбал

Мбапе: Мојот голем идол од детството е Зинедин Зидан

Францускиот бисер на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе не крие дека негов голем идол од детството е Зинедин Зидан.

– Ако сте Французи, сигурно вашиот идол како дете е Зидан. Друг ваков идол малку подоцна беше Кристијано Роналдо. Имав среќа да го сретнам и како ривал. Потоа се восхитувам на играчи како Пеле, Роналдо, Роналдињо и Кака. На моите приврзаници, сакам да им оставам порака дека сум момче кое верува во својот сон и се обидува да остави белег на спортот, рече 21-годишниот стрелец во интервју за „Газета дело Спорт“..

Според него, премногу е доцна да се следат стапките на Лео Меси и да игра цел живот во еден клуб.

– Премногу е доцна да се направи кариера како онаа на Меси. Требаше да останам во Монако за да играм цел живот во еден клуб. Со сета почит кон Меси, сега морам да бидам инспириран од Кристијано, вели Французинот.

Поврзани вести

Љунберг ќе зборува со Венгер и ќе побара совет

Паоло Малдини сака да го врати Анчелоти во Милан

Идентификувано телото на Коби Брајант

Никола Поповски

Ибра: Жално е кога го гледам Милан ваков

Влатко Зорба

Солскјер: Сигурен сум дека во догледно време Јунајтед повторно ќе биде шампион

Maja_Serafimova

УЕФА не толерира мешање на политиката во спортот, се закани на Косово

Maja_Serafimova