СПОРТ Фудбал

Момент кој го чекаа навивачите: Алкантара потпиша за шампионот на Англија (видео)

Трансферот на Тиаго Алкантара во Ливерпул денес и официјално беше потврден од клубот од „Енфилд“.

„Ливерпул го комплетираше трансферот на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен. Шпанскиот фудбалер од средниот ред стави потпис на долгорочен договор со црвените“ се вели во соопштението на клубот.

Овој трансфер ќе го чини Ливерпул 30 милиони евра од кои 25 ќе бидат платени веднаш, а 5 во лесно остварливи бонуси.

„Долго време чекав, пресреќен сум што дојде и тој ден, што денеска сум со вас. Во кариерата секогаш се борам за истото, да победувам и да освојувам трофеи, дојдов во Ливерпул за да освојувам трофеи“, изјавил Тиаго.

Алкантара е второ засилување за Ливерпул во овој преоден рок, претходно беше донесен Костас Цимикас, а следна цел на Клоп е Диого Жота од Вулвс.

Делот од коментарите на социјалните мрежи одат до таму, што сметаат малата сума на пари дадена за Алкантара е „грабеж на векот“.

Liverpool FC complete signing of Thiago Alcantara

🤗 The moment you’ve all been waiting for…

Gepostet von Liverpool FC am Freitag, 18. September 2020

Поврзани вести

Шпански „АС“: УЕФА ќе ги признае за шампиони моменталните лидери во првенствата

Никола Поповски

Почина одбојкарот Дени Стојчев

Maja_Serafimova

Надал без загубен сет се квалификуваше во полуфиналето на „Мастерс“ турнирот во Париз

Влатко Зорба

Корона во италијанскиот фудбал, заразени 11 играчи

Влатко Зорба

ФФМ спроведува анкета за најдобрите во македонскиот фудбал за 2019 година

Влатко Зорба

Куман: Не можам во моментов да ја водам Барса, затоа ги одбив