СПОРТ Фудбал

„Мундо Депортиво“: Нејмар по третпат ја тужи Барселона

„Мундо Депортиво“ објави дека бразилската фудбалска ѕвезда по третпат ја тужи Барселона, овојпат барајќи 6,5 милиони евра поради данокот за „фиктивни договори“ што сам мораше да го плати. Претходните две, кои не се решени, се однесуваат на лојалноста што ја имаше кон клубот.

Нејмар од 2017 година е член на ПСЖ, но неговата сага со Барселона сè уште трае. Бразилецот пред три години реши да замине од „Камп Ноу“ и да ја прифати 222 милиона евра вредната понуда на „светците“. Меѓутоа „конекцијата“ со Барса остана.

Медиумите забележуваат дека Нејмар ја тужи Барселона по секој неуспешен обид за враќање на „Камп Ноу“, но Бразилецот не сака така лесно да дигне раце од пари за кои е убеден дека има право.

Нејмар настапуваше за Барселона од 2013 година до 2017 година и во тој период одигра 185 меча и постигна 106 гола.

Поврзани вести

На мечот во Скопје против Косово ќе се применува ВАР технологијата

За првпат по 6 години Нејмар ќе го пропушти карневалот во Рио

Никола Поповски

Конте: Клоп не освои ништо за четири години во Англија, а Гвардиола исто така не освои ништо во првата година

Никола Поповски

Реал – Сити и Атлетико – Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампионите

Влатко Зорба

Марез случајно објави тајна вест од клубот, кој ќе си замине зимава од Сити

Maja_Serafimova

Оби Микел: Азар е исклучителен талент и најмрзеливиот со кој што сум настапувал