СПОРТ Фудбал

Мурињо: Уморен сум од прашањата за Али, ќе добие шанса

Деле Али одигра само 45 минути на првите три натпревари на Тотенхем во сезоната и наводно управата на клубот е подготвена да го продаде во случај на добра понуда.

Но, менаџерот Жозе Мурињо не сака да се откаже од играчот од средниот ред.

„Кога тимот ќе стане натпреварувачки добар, тогаш играчите треба да одговорат и да напредуваат. Но, нема да замине, ќе добие свои шанси, не се сомневајте во тоа“, изјавил Мурињо на новинарско прашање на прес-конференцијата пред дуелот со Шкендија во Европа лигата и додал:

„Немам проблем со Али, тој е одлично момче. Сепак признавам дека сум уморен да прашувам за него. Секогаш чувствувам дека 99% од одговорноста е на играчите, додека јас и мојот стручен штаб, кои работиме со нив, имаме еден процент одговорност“, рекол Португалецот.

Наводно, ПСЖ го посакува Деле Али во своите редови.

Поврзани вести

„Граѓаните“ се жалат на судењето на дербито со Ливерпул

Во Шпанија го уништија Реал: Фрлија 300 милиони за ништо

Влатко Зорба

Азар истакна дека не чувствува притисок да се носи со статусот наследник на Кристијано Роналдо

Maja_Serafimova

Ларкин: Ќе играм за Турција, ама име не менувам

Лампард по поразот во финалето на ФА Купот: Сами сме си криви

Влатко Зорба

Меси се огласи: Ниту одам во Интер, ниту му платив кауција на Роналдињо