Кошарка СПОРТ

МЗТ се засили на центарската позиција со Радуловиќ

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром официјално објави дека потпишале договор со српскиот центар Бојан Радуловиќ.

Единствениот македонски претставник во регионалното натпреварување сезонава, ја зголемува конкуренцијата на центарските позиции, на кои беше најдефицитарен. Радуловиќ е искусен, 27-годишен центар висок 211 сантиметри.

Радуловиќ кој има и словенечки пасош, може да биде од голема помош за „штрковите“ во АБА 2 лигата, бидејќи играл за Металац и Унион Олимпија во главната АБА. Со Олимпија во минатата сезона освои титула во Словенија. Сезонава беше во Шентјур, за кој последниот меч го одигра пред пет дена.

Поврзани вести

Илија Ивиќ е првиот српски фудбалер кој ќе игра за репрезентација на Косово

„Газета“: Пјаниќ рече „да“ на Барса!

Stefanija Kuzmanovska

Алонсо се врати во Рено

НБА кошаркарите „го жртвуваат“ презимето заради борбата против неправдата

Влатко Зорба

Коби Брајант и Пауло Коељо пишувале книга за деца: Нема што да се објави, изгубена е смислата… (фото)

Никола Поповски

Манасков омилен во Веспрем: Навивачка го истетовира бројот и потписот! (ФОТО)