Кошарка СПОРТ

МЗТ Скопје поуспешен од Сплит

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија петтата победа во АБА2 лигата по триумфот над Сплит од 70:64.

Составот на Ѓорѓи Кочов успеаја да слави и да остане на делба на врвот на табелата.

Сплит одигра добро прво полувреме и замина на одмор со позитива од 27-34.

Македонскиот првак направи пресврт во вториот дел, по што до самиот крај можеше да се проследи апсолутно неизвесен меч, кој на крајот заврши со конечните 70-64 за домаќините.

Капитенот Стојановски беше прв играч на овој натпревар со 24 поени, а двоцифрен ефект имаше само уште центарот Крстевски, кој го заврши мечот со 12 поени и осум скокови.

Поврзани вести

МЗТ Скопје утре почнува нова сезона во АБА 2 лигата: Целта е пласман во топ 4

user5

Пандев: Наша цел е утре да победиме и да дојдеме на чекор од таа прва позиција

Финалето на ФА Купот може да се одложи најмалку 5 месеци

Stefanija Kuzmanovska

Златан тренира со нов клуб-Oд таму порачуваат: Остани со нас

Капитенот на Бреша тврди: Целиот тим е против продолжување на натпреварот

Stefanija Kuzmanovska

Леброн им одржа лекција на Далас, Клиперс со пресврт до победа против Голден Стејт

Никола Поповски