СПОРТ

Напаѓачите на Јувентус под водство на Сари се забавуваат на теренот, изјави Дибала

Напаѓачот на италијанскиот хегемон Јувентус – Пауло Дибала изјави дека под водство на Маурисио Сари напаѓачите се забавувале на теренот.

Тој има 6 гола од почетокот на сезоната, а во минатата кампања имаше постигнато само 10 голови, а поранешниот тренер на „бјанконерите“, Макс Алегри често го оставаше на клупата.

„Начинот на кој раководи со тимот е променет. Сари има сосема поинакво разбирање на играта. За мене е позабавно, а веројатно и за другите напаѓачи. Ние ја држиме топката повеќе и создаваме многу шанси. Ова ни дава шанса да направиме нешто поразлично. Учиш како да играш брзо и да напаѓаш постојано. Има натпревари на кои создаваме 20 позиции. Можете да замислите што значи тоа за еден напаѓач, изјави Аргентинецот за „Ел Паис“.

Во текот на летото, 26-годишниот техничар одби да се пресели во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, иако Јуве беше подготвен да го продаде.

– Се чувствувам како важен играч кој го почитуваат навивачите и соиграчите. Но, јас не се чувствувам како лидер и не се обидувам да бидам таков. Еден лидер треба да пренесе и да генерира нешто позитивно во врска со групата. Не мора да викате или да навредувате за да бидете почитувани. Треба да знаете кога да зборувате. Понекогаш не мора да зборувате. На пример, Патрис Евра беше феноменален во овој поглед. Или Џиџи Буфон. Тој е господин и неговото присуство е импресивно. Важно е да бидете природни, заклучи Дибала.

Поврзани вести

Клоп: Заслужено загубивме затоа што Челзи постигна два гола, а ние направивме големи грешки при двата

Хем официјално го објави назначувањето на Дејвид Мојс за тренер на клубот

Maja_Serafimova

Џошуа му се реваншира на Руиз и си ги врати титулите во тешка категорија (ВИДЕО)

Атлетико им ги врати парите на навивачите за однапред купени билети за натпревари до крајот на сезоната

Александар Петровски

Флорентино Перез: Го заслуживме Супер Купот, Куртоа е најдобар светски голман

Никола Поповски

Алкантара е близу до продолжување на договорот со Баерн