СПОРТ Фудбал

Наполи објави добра вест

Наполи објави дека сите тестови за коронавирус на играчи и персонал биле негативни, откако нивниот противник во последното коло – Џенова објави дека имале 14 случаи на КОВИД-19.

Утре „наполитанците“ ќе направат уште еден тест за да откријат дали дербито со Јувентус ќе се одржи на крајот на оваа недела.

Џенова имаше двајца заразени играчи со КОВИД-19 – Матијас Перин и Ласе Шоне пред мечот со Наполи, кој „грифоните“ го загубија катастрофално со 0:6. Но, тестовите спроведени во понеделникот наутро покажаа дека има уште 12 позитивни, од кои осум или девет беа откриени кај фудбалери.

Сега се наоѓаат во карантин и голема е веројатноста нивниот натпревар со Торино да се одложи викендов.

Сè уште не е потврдено, но според прелиминарните информации, шест од заразените играчи на Џенова играле против Наполи.

Поврзани вести

Роналдињо во златен кафез: Сите се обидуваат да му угодат

Stefanija Kuzmanovska

Мерцедес го промовираше болидот со кој ќе ја брани титулата во Ф1 (фото/видео)

Никола Поповски

Серија „А“ има две опции да ја продолжи сезоната

Де Хеа може да го пропушти дуелот со Ливерпул

Влатко Зорба

Ривалдо: Верувам во Нејмар, но тој треба да го напушти ПСЖ

Maja_Serafimova

Ван Дајк се чуствува како победник затоа што е номиниран за „Златната топа“

Maja_Serafimova