Кошарка СПОРТ

НБА легенда ќе седне на клупата на Бруклин Нетс

Стив Неш, славниот НБА кошаркар, ќе потпише четиригодишен договор со Бруклин Нетс, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Неш, кој има 46 години, нема искуство во тренерската дејност, но за време на неговата кариера беше вистински лидер и еден од најдобрите плејмејкери во светот.

Со недели, сопственикот на клубот, Џо Цаи и генералниот меназер, Шон Маркс се обидувале да го убедат Неш да седне на клупата на Бруклин, и на крајот им успеало.

Стив Неш е голем пријател на Кевин Дурент и тоа исто така била една од причините зошто бил донесен легендарниот Канаѓанец.

Според Војнаровски, Нетс ќе го задржат Џакуан Вон, кој ќе стане најплатениот помошник тренер во лигата. Вон оставил одличен впечаток откако Кени Аткинсон го напушти тимот и ќе остане во стручниот штаб на Неш.

По крајот на својата кариера, Неш беше меѓу советниците во Голден Стејт Вориорс, и таму изградил големо пријателство со Дурент.

Бруклин ќе биде меѓу најинтересните екипи што треба да се следат следната сезона, со оздравените Дурент и Ирвинг и тренерот Неш на клупата.

Поврзани вести

Ѕвезда на Ла Клиперс го напуштил кампот поради погреб, а завршил во стриптиз клуб

Хамилтон од 2021 година во „Ферари“?

Мертенс може да се пресели во Арсенал

Леброн стана седмиот играч во НБА-лигата кој играл 50 натпревари од финалето

Stefanija Kuzmanovska

Филип Талески потпиша со Вардар

Шпанија ќе ја брани европската титула против Хрватска