Други спортови СПОРТ

Не игра ни Ѓоковиќ: Сите спортски натпревари во САД се прекинати

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, нема да игра во четврток.

Новак стигна до полуфиналето на Мастерсот во Синсинати со победата над Штруф (6: 3, 6: 1), а неговиот натпревар беше закажан за во четврток.

Сепак, Новак нема да игра во четврток, туку во петок.

Натпреварите од НБА, МЛС и МЛБ лигите не се одиграа, натпреварите беа одложени, а тенисерката Наоми Осака се повлече од турнирот во Њујорк како знак на солидарност.

Бојкотот продолжува и на Мастерсот во Синсинати, кој се одржува во „Големото јаболко“, па затоа денес нема да има тенис.

Организаторите на турнирот решиле дека натпреварите нема да се играат во четврток и се приклучиле на бојкотот. Турнирот нема да биде откажан, а полуфиналните натпревари ќе се играат во петок.

Поврзани вести

Италијанската Влада ќе издвои 400 милиони евра за обнова на спортот во земјата

Stefanija Kuzmanovska

Рашфорд: Тоа што го направивме минатата година во Париз, треба да го повториме и против Сити

Никола Поповски

Тајсон одговори на гласините за можно враќање во боксот

user4

Американецот Џабари Хиндс повеќе не е играч на МЗТ Скопје

Прва забрана во Премиер лигата поради коронавирус

Јувентус во јануари го ангажира Вилијан