СПОРТ Фудбал

Оби Микел: Азар е исклучителен талент и најмрзеливиот со кој што сум настапувал

Некогашниот соиграч на Еден Азар во Челзи, Џон Оби Микел, изјави дека Белгиецот е многу мрзелив и не сака да тренира, но способен е да направи неверојатни нешта на терен.

„Азар е исклучителен талент и најмрзеливиот со кој што сум настапувал. Можеби не е добар како Меси, но со топката да направи што сака. Еден не сакаше да тренира. Додека ние правевме вежби, тој стоеше на страна и чекаше да завршиме. Но, за викендите беше играч на натпреварот“, вели Нигериецот.

Според Оби Микел, фудбалер на Челзи во тоа време кој најмногу тренирал бил Френк Лампард, сегашниот тренер на „сините“. Оби Микел во моментов е член на Трабзонспор.

Поврзани вести

Еуфорија во Црвена Звезда: Легенда на клубот го менува Милојевиќ!

Никола Поповски

Нејмар ја предаде наградата за најдобар играч на херојот против Аталанта

Влатко Зорба

Лејкерс и Клиперс остварија нови победи (ВИДЕО)

Кикер: Неколку клубови од Бундес-лигата пред банкрот

Напаѓачот на Партизан по дербито: Ти реков, мора да победиме против „циганите“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Коби Брајант и Пауло Коељо пишувале книга за деца: Нема што да се објави, изгубена е смислата… (фото)

Никола Поповски