СПОРТ Фудбал

Оваа земја не се плаши од коронавирусот: Нивното фудбалско првенство продолжува на 14 јуни со присуство на навивачи

Шведска е една од ретките земји која не презеде ригорозни мерки во справување со коронавирусот.

Ниту 24 часа откако директорите на Холандската фудбалска федерација ја известија јавноста дека нема да има натпревари во таа земја пред први септември, подобри вести дојдоа од Шведска.

Тамошната „Allsvenskan“ лига ќе започне на 14 јуни, според извештаите на локалните медиуми и веднаш ќе се игра пред полни трибини.

Претставници од 32 клуба во првите два ранга од натпреварувањето (Allsvenskan i Superetan) се состанаа во вторникот да зборуваат, а 14 јуни бил избран како датум на враќање.

Првично, првенството во Шведска беше одложено до 4 април, но сепак стана јасно дека паузата ќе треба да се продолжи. Екипите се заинтересирани да ги играат натпревари со гледачи на трибините, веднаш штом првенството продолжи.

Поврзани вести

Рохо со интересни детали од времето во Јунајтед: Со Ибрахимовиќ се фативме за врат

Влатко Зорба

Спалети кандидат за клупата на Њукасл

Влатко Зорба

Вајналдум го напушта Ливерпул по крајот на сезоната?

Влатко Зорба

Флојд Мејведер ќе го плати погребот на Џорџ Флојд

Ѓоковиќ: Ќе се соочам со дилема ако вакцинацијата стане задолжителна

Рашфорд: Станав подобар фудбалер кај Мурињо

Влатко Зорба