СПОРТ Фудбал

Пандев испрати порака до нацијата: Бидете одговорни, седете дома (фото)

Капитенот на нашата најдобра фудбалска репрезентација Горан Пандев, се одзва на повикот во поглед на иницијативата „СедиДома“, па така тој јавно повика на одговорност кај сите, а воедно и дисциплина, додавајќи дека препораките мора да се почитуваат за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Секој треба да е одговорен, како према себе, така и спрема другите, затоа седи дома и слушај ги препораките, само со дисциплина и самодисциплина може да го спречиме ширењето на вирусот“, порача нашиот интернационалец од италијанскиот прволигаш Џенова, но и го додаде следното:

„Почитувани …. Во овие тешки моменти за целиот свет со кои се соочува најопасниот вирус на глобално ниво, се обидувам да ги повикам политичките партии во Македонија да престанат со ситни политички игри …. ја користам оваа можност да ги повикам политичките партии (во случајот со комисијата на ВМРО-ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име …. Ова е време кога во Италија се соочуваме со невидена катастрофа …. Апелот до сите е да останат дома и да следат препораките од горенаведената белешка …. Секоја моја изјава, која ќе биде ставена во контекст на ПОЛИТИКА, јас ќе негирам …. Поздрав од Џенова со почит Горан Пандев“, напиша капитенот на нашата фудбалска репрезентација, на својот Инстаграм профил.

Поврзани вести

Ибрахимовиќ сигурен во себе: Можам да играм на мое ниво до 50-годишна возраст

Влатко Зорба

Тодоров: Ни недостигаа три тројки за подобар резултат во Перм

Никола Поповски

Премиер лигата ќе продолжи само под еден услов

Влатко Зорба

Европската титула со Португалија во 2016 година за Роналдо е најважниот трофеј во неговата кариера

Maja_Serafimova

Кариус има надежи дека ќе се врати во Ливерпул

Влатко Зорба

Бејл повторно аут од групата на Реал

Влатко Зорба