СПОРТ Фудбал

Пикфорд нема да биде дополнително казнет за стартот врз Ван Дајк

Според Скај Спорт, голманот на Евертон, Џордан Пикфорд нема да биде казнет за остриот старт над играчот на Ливерпул, ВирЏил ван Дајк.

Ван Дајк се повреди во почетните минути на дербито во Мерсисајд по многу невнимателниот старт на Пикфорд и мораше да го напушти теренот.

Сепак, нема да има дисциплинска постапка против голманот на Евертон.

Според Скај, по консултациите со ВАР, било заклучено дека потегот на Пикфорд не заслужува црвен картон. Исто така, со употреба на видео асистент, претходно било утврдено дека Ливерпул не треба да добие пенал, бидејќи Ван Дајк бил во офсајд.

Посочено е дека Фудбалскиот сојуз последователно ќе ги разгледа само казните за инцидентите што судиите не ги изрекол за време на натпреварот и дека во овој случај нема да покрене дисциплинска постапка против Пикфорд.

За потсетување, Ван Дајк ќе мора да се оперира поради повреда на предниот вкрстен лигамент, проследен со неколкумесечно закрепнување.

Поврзани вести

Кокшаров: Самсоненко одлучува дали ќе бидам привремено решение

Влатко Зорба

Барса пред Реал и Јунајтед – ова се европските клубови со најголеми приходи

Никола Поповски

Манчестер јунајтед даде три гола против Норвич, но утна два пенала

Maja_Serafimova

Агентот на Нејмар: Кој сака да го купи да спреми 164 милиони евра

Влатко Зорба

ФИФА со амбициозни планови за иднината на клупското светско првенство

Maja_Serafimova

Пораз на нашите кадети на отворањето на Балкан Купот

Никола Поповски