СПОРТ Фудбал

ПМФЛ продолжува со плеј-оф и плеј-аут без испаѓање

Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок донесе предлог одлуки за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020 од Прва МФЛ која беше прекината во март поради епидемијата на коронавирус.

Се предлага да се доиграат четири кола од третио круг, а потоа плеј-оф и плеј-аут без испаѓање.

– Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања, предлага Комисијата за натпреварување во ФФМ.

Првата фудбалска лига би требало да продолжи во средината на јули. Сите натпревари ќе се играат без присуство на гледачи на стадионите, а ќе биде ограничен и бројот на присутни лица кои ќе бидат дел од организацијата на натпреварите.

Екипите од Втора МФЛ нема да го продолжат натпреварувањето од сезоната 2019/2020, а Комисијата за натпреварување препорачува истото да го следат и тимовите од Трета МФЛ, како и останатите пониски лиги.

Поврзани вести

Конте: Одигравме одлично на домашен терен против Борусија и заслужено победивме

Влатко Зорба

Неизвесна трката во Ф1 за Големата награда на Кина?

Никола Поповски

Изложба „Трилогија, ликови- луѓе“ на Филип Фидановски

Влатко Зорба

Атлетико останува без ЛШ?

Влатко Зорба

Џордан се расплака: Коби ми беше како брат, му давав многу совети (видео)

Никола Поповски

Тоти: Реал ми понуди сè, освен капитенската лента