СПОРТ

По две години: Младата ѕвезда на Ајакс излезе од кома

Младата ѕвезда на Ајакс, Абделхак Нури излезе од кома и сега може да комуницира со членовите на семејството. 22-годишниот фудбалер падна на теренот во јули 2017 година, откако доживеа срцева аритмија.

Како резултат на инцидентот, Нури претрпе трајно и сериозно оштетување на мозокот.

– Откако е дома, неговата состојба се подобри многу повеќе, отколку во болницата. Тој веќе е свесен каде се наоѓа и повеќе не е во кома. Се разбуди. Тој спие, јаде, но сепак не може да стане од кревет. Тој сè уште е многу зависен од нас. Во добри денови има и форма на комуникација. Тој ги движи веѓите или се насмевнува, но тоа, се разбира, не може да трае долго, рече братот на Нури, Абдерахим.

Поврзани вести

Шок во Мексико: Кечер почина во ринг (видео)

Никола Поповски

Објавена најновата АТП листа: Ѓоковиќ на врвот, уште 19 недели до рекордот на Федерер

Никола Поповски

Пирло: Јас сум секогаш смирен

Никола Поповски

Дебито на Мик Шумахер во Формула 1 ќе биде во неговата татковина

Александар Петровски

Навивачи на стадионите во Англија најрано на почетокот на следната сезона

Давид Луис го поддржа Микел Артета

Maja_Serafimova