Други спортови СПОРТ

По голема борба, Тим го среди Ѓоковиќ и се пласира во полуфиналето во Лондон

Австрискиот тенисер Доминик Тим синоќа го победи Србинот Новак Ѓоковиќ и се пласира во полуфиналето на завршниот АТП турнир во Лондон.

Мечот беше решен во три сета по речиси три часа игра. На крајот резултатот беше 2-1, по сетови 6:7, 6:3 и 7:6.

На другиот меч од 2. коло во Б-групата на Мастерсот во британската престолнина, Роџер Федерер го совлада Матео Беретини со 2-0.

На табелата води Тим со максимални две победи, Ѓоковиќ и Федерер имаат по една победа и еден пораз и во директен дуел ќе одлучуваат за вториот патник во полуфиналето. Без шанси за влез помеѓу четворицата најдобри е Италијанецот Беретини кој ги загуби двата досегашни меча.

Поврзани вести

Боатенг и Горецка се степаа на тренинг

Фудбалерите во вториот шешир во Ц дивизијата за новата сезона во Лигата на Нации

Фјури: Претпочитам да бегам и да победам, отколку да загубам во атрактивна битка

Јуве и Лацио на 22 декември во Ријад за титулата во Суперкупот

Зидан и Погба се сретнаа во Дубаи: Ќе замине ли конечно ѕвездата на Јунајтед во Мадрид?

Maja_Serafimova

Парични казни за фудбалерите на Наполи поради бунтот

Влатко Зорба