СПОРТ

Победа бр. 900 како НБА тренер на Док Риверс

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс победија на домашен терен со 107:101 против Портланд, а покрај шестиот успех во сезоната, тие ја донесоа и победата број 900 на својот тренер Док Риверс. Тој е тринаесеттиот ментор во историјата на Лигата, по Дон Нелсон, Лени Вилкинс, Грег Попович, Џери Слоан, Пеат Рајли, Џорџ Карл, Фил Џексон, Лери Браун, Рик Аделман, Бил Фич, Ред Ауербах и Дик Мота, со слично достигнување.

Педесет и осум-годишниот Риверс ја започна својата тренерска кариера во 1999 година во Орландо, потоа го предводеше Бостон, а во 2013 година беше на чело со Клиперси. Покрај тие 900 победи, тој има 661 порази.

Каваи Леонард се врати со 27 поени и 13 скока за Л.А., Лу Вилијамс постигна 26 како резерва. Ленард ја комплетираше статистиката со 4 асистенции, 2 блока и 6 грешки.

Дамјан Лилард и СџЏеј МекКалум постигнаа 22 за Блејзерс.

Резултати во НБА

Шарлот – Бостон 87:108
Сан Антонио – Оклахома Сити 121:112
Феникс – Мајами 108:124
Л.А. Клиперс – Портланд 107:101

Лидери во одделни дивизии:

Источна конференција
Атлантик Дивизија: Бостон – 6 победи, 1 пораз
Централна дивизија: Милвоки – 6/2
Југоисточна дивизија: Мајами – 6/2

Западна конференција
Северозападна дивизија: Денвер – 5/2
Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс – 6/1
Југозападна дивизија: Далас – 5/2

Поврзани вести

Раџа за смртта на Дражен: Тоа е еден од најтажните моменти во мојата кариера и во животот

Навивачки тензии во Солун: Нападнати канцелариите на Нова Демократија

Никола Поповски

Гвардиола и Клоп се вметнати во Салата на славните во англиската лига

Влатко Зорба

Манчестер Јунајтед започнал преговори со Милинковиќ-Савиќ?

Поранешниот тренер на Федерер е загрижен за психичката состојба на Ѓоковиќ?!

Никола Поповски

Академија Пандев се засили со бугарски интернационалец Ангел Грнчов

Maja_Serafimova