СПОРТ

Почина Гокси, еден од основачите на Комити!

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити.

-Со голема жалост и тага ја примивме жалната вест за смртта на нашиот верен навивач Горан Костадиновски Гокси. Работнички загуби голем човек кој низ годините поминати во Градски парк ги помести стандардите во навивањето и покажа како се сака и бодри и Работнички. За сите победи заеднички !!!!!, соопштија од кошаркарскиот клуб Работнички.

Костадиновски подолг период од својот живот беше дел и од „Сити Парк Бојс“, каде што долго време беше идеен креатор на паролите кои оваа група ги истакнуваше на средбите на Работнички во последната деценија од минатиот и првата деценија од овој век.

Поврзани вести

Надал за дисквалификацијата на Ѓоковиќ: Тој немаше среќа, навистина ми е жал

Никола Поповски

Нема трансфер на Игуаин во Атлетик Билбао

Алонсо на четвртото место во првата фаза од релито во Саудиска Арабија

НБА лига: Дозволено ќе биде користење на лесни дроги во остатокот од сезоната

Зверев го порази Медведев за полуфинале во Лондон

Извлечена ждрепката за следната фаза на ФА Купот

Stefanija Kuzmanovska