СПОРТ Фудбал

Погба бил фан на друг тим во Англија

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба откри дека како дете бил обожавател на друг англиски тим – Арсенал.

Причината за ова е неговиот сонародник Тиери Анри. Легендарниот напаѓач на „топџиите“ бил меѓу идолите на Погба, како и Роналдињо, Роналдо и Зинедин Зидан.

– Да бидам искрен. На почетокот бев обожавател на Арсенал. Причината беше сите француски репрезентативци кои добро ги познавате. Јас и еден од моите браќа навивавме за Арсенал, но другиот брат ми беше обожавател на Манчестер Јунајтед. Го сакав Анри и заради него тогаш се предомислив и се придружив на мојот друг брат, кој беше обожавател на Јунајтед , рече Пол Погба.

Тој стана дел од Манчестер Јунајтед за прв пат во 2009 година, кога имаше 16 години.

Поврзани вести

Играчите на Рома не отпатуваа за Севиља (Фото)

Фудбалерите на Тотенхем изразија голема благодарност до Почетино

Влатко Зорба

Мбапе ќе зема плата колку Меси и Кристијано

Војдан Стојановски ќе настапува за Гравелин Данкерк

Германија не е меѓу фаворитите на ЕП 2020, тврди Лев

Влатко Зорба

Винс Картер ја игра последната сезона во НБА лигата